EN | MK
Slide background
Slide background

Slide background

Slide background

.

.

Силата на една култура е во моќта да успее своите идеи да ги преточи во дела, а допирот со другите култури да го претвори во момент на создавање на нови вредности. Фолклорот е синтеза на културата на еден народ низ вековите, а неговата презентација е момент на соочување со самите себе и со целиот свет.

повеќе..

.„Македонските народни игри и песни не се само врвна уметност. Тие се и естетска хроника на едно долготрајно, многувековно живеење и опстојување пред животните крстосници и јазли, вистински летoпис на македонското живеење низ вековите“

„Ние Македонците немаме пирамиди и сфинги, нашата татковина не е украсена со палати на материјални паметници, но имаме нешто кое ниту вековите, ниту природните стихии, ниту демонската рака на насилниците не можат да го разурнат. Таа нескршлива сила е излеана во единствениот паметник – „народната игра и песна“, најбогатото и најценетото наследство што Ни останало од минатиот живот и културата на Македонецот, сочувано и до денес”.

Јосиф Чешмеџиев   (1926 г.)

+389 2 311 6117
пишете ни

Copyright ©2021 Сите права се заштитени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Top