Во рамките на Скопско лето ансамблот ја промовираше монографијата „75 години – повеќе од игра и песна“.
промотор: проф.д-р Мирјана Мирчевска
Промоцијата се одржa во сутеренот на Националната опера и балет (Ансамбл на народни игри и песни
„Орце Николов“)
„Орце Николов“)
Монографијата дава еден модерен приказ на традициските, националните и други вредностите што ги поседува нашиот ансамбл, неговото значење во зачувувањето, негувањето и презентирањето на фолклорното богатство на домашната и меѓународната сцена, а исто така ќе даде и значаен придонес и за научната и друга јавност.
На едно место се зачувани голем број записи кои се потврда за огромните успеси на Ансамблот „Орце Николов“ – Скопје и македонскиот фолклор на домашната и на меѓународната фолклорна сцена.
Дел од програмските содржини на Ансамблот“Орце Николов“ посветени на 75-годишниот јубилеј, меѓу кои и Монографијата беа поддржани од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје, Општина „Центар“- Скопје, за што и во оваа пригода им изразуваме искрена благодарност.
Овие седум и пол децении опстојавме и ги чуваме нашите јасни и недвосмислени аргументи за она:
..што сме биле, што сме, и што треба да бидеме и опстанеме!

Мисијата на ансамблите, како што е „Орце Николов“ е да ја зачуваат „свежината и изворноста“, зошто фолклорот не само што треба да се сака, туку треба и да се разбере.