EN | MK

За нас

Во светската фолклорна ризница македонскиот фолклор со својата карактеристична мелоритмичност, темперамент, разноликост и шарм, има исклучително место. Македонија со право е горда на својот фолклор, зошто тој е „извор и устие на македонската душа”.  Во него се вградени милениумите на нашето постоење, „проткаени со нитките” на љубовта, радоста, надежта.

Мисијата на ансамблите, како што е „Орце Николов”, е да ја зачуваат „свежината и изворноста”, зошто фолклорот не само што треба да се сака, туку треба и да се разбере. Ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов” од Скопје, Македонија е формиран 1945 година, со цел да ги негува и прикажува обичаите, народните игри, песните, музиката , инструментите и носиите на Македонија и пошироко.

Во изминатите години Ансамблот„Орце Николов“ постигна забележителни резултати и успеси на полето на фолклорното творештво, за што говорат повеќе од 400 домашни и меѓународни награди и признанија, а гостувајќи на голем број фестивали во светот се здоби со високо реноме и светска афирмација.

Во Ансамблот „Орце Николов” минале повеќе од 15 000 членови кои приредиле околу 6700 концерти во земјата и ширум светот.

Концертите ги следеле повеќе од 15 милиони гледачи, а уште десетици милиони гледачи ги следеле настапите на телевизиските канали во земјата , но и во САД, Канада, Бразил, Куба, ДНР Кореја, Англија, Белгија, Франција, Холандија, Швајцарија, Шпанија, Германија, Италија, Чешка, Словачка , Полска, Португалија, Романија, Кипар, Турција, ТР Северен Кипар, Словенија Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија , Босна и Херцеговина.

Следејќи ги светските тенденции и искуства на фолклорот, Ансамблот „Орце Николов” ги применува новите едукативни методи во изучувањето, обучувањето и зачувувањето на изворноста и автентичноста на фолклорното творештво, применуваќи современ сценски приказ во презентацијата.

Бидејќи македонскиот фолклор, не е само културно наследство, се уште „живее” и е неодвоив дел од битието на секој современ Македонец, тој е негов идентитет, а Ансамблот „Орце Николов” преку своето делување „сака да биде негова” легитимација кон светот.

Мисијата на ансамблите, како што е „Орце Николов” е да ја зачуваат „свежината и изворноста”, зошто фолклорот не само што треба да се сака, туку треба и да се разбере. Само така ќе се разбереме и самите себе?

Некои од наградите и признанијата кои го освоил ансамблот
Top