Согласно Програмата, а како дел од активностите за одбележување на 75-годишниот јубилеј на Ансамблот на народни игри и песни “Орце Николов“ од Скопје, беше изготвена изложба на фотографии на пвц-платна на рол банери, под мото „75 години повеќе од игра и песна“.
Изложбата беше промовирана на 23. ноември во фоајето на “Националната Опера и Балет“ во рамките на манифестацијата “Есенски музички свечености“, а во организација на Дирекцијата за Култура и Уметност на Град Скопје, почитувајќи ги сите протоколи за пандемијата од надлежните институции. Истата подолг период беше изложена во фоајето на НОБ со цел да ја видат посетителите на концертните активности кои тој период беа реализирани во НОБ, како и за други посетители – љубители на фолклорната уметност…
Изложбата даде еден сериозен приказ на дел од позначајните активности на ансамблот реализирани во неговото 75-годишно делување. На изложбата се претставени бројни генерации на Ансамблот кои оставија трајни белези во македонската музичка култура На едно место се зачувани повеќе од 500 запизи (фотографии, пресс-клипинг…), кои се потврда за огромните успеси на Ансамблот“Орце Николов“- Скопје и македонскиот фолклор на домашната и на меѓународната фолклорна сцена.
Состојбата со пандемијата не ни дозволи изложбата да ја промовираме со пригодна програма со физичко присуство, а воедно состојбата не ни дозволи истата да ја промовираме и во други градови на Македонија.
Изложбата не беа во можност да ја видат и ансамблите од странство кои требаше да бидат дел од нашите свечени активности за 75-годишниот јубилеј…
Таа беше планирана да биде промовирана и во повеќе градови на Македонија заедно со концертна активност на Ансамблите на „Орце“, но состојбата со пандемијата не ни го дозволи тоа.
Секако, доколку состојбата во државата се подобри во наредната година, истата ќе биде промовирана во објектите на одржување на концертните и други активности на Ансамблот.
Се планира оn-line презентација на социјалните мрежи (Facebook), презентација на изложбата во просториите на Ансамблот, како и во други институции и асоцијации… Во овој период се планира да биде промовирана и на програмата на МТВ и на други медиуми…
Изложбата на фотографии преставува трајно зачувување на вистинските вредности на традициската култура и вредностите на Ансамблот „Орце Николов“ и македонската култура…
Дел од програмските содржини на Ансамблот „Орце Николов“ посветени на 75-годишниот јубилеј, меѓу кои и „Изложбата на фотографии“ беа поддржани од: Министерството за култура на Република Северна Македонија, Град Скопје и Општина “Центар“, за што и во оваа пригода им изразуваме искрена благодарност.