Ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов” од Скопје со присуството на меѓународните фолклорни сцени дава свој придонес во афирмацијата на фолклорните и други вредности на Република Македонија. Во времето од 29 април до 2 мај 2019 година, младинскиот ансамбл зема учество на Меѓународните фолклорни фестивали под наслов „Традицијата не спојува” и „Игри без граници” во Будва, Република Црна Гора.
Учеството на вакви меѓународни манифестации се огромен стимул за младите членови на „Орце Николов”, согледување на културните и други вредности на останатите земји учесници на фестивалите, запознавање на културните и други вредности на земјата во која престојуваат и пред се можност за презентација на богатото македонско фолклорно творештво и на Република Македонија.