webadmin

Детскиот ансамбл на „Орце Николов” на покана на организациониот одбор на општината Каршијака во Измир, Турција од 18-25 април, 2019 година беше единствен претставник на Република Македонија на Интернационалниот детски фолклорен фестивал во Измир.

Фестивалот, кој оваа година беше 26-ти по ред, се одржува традиционално, одбележувајќи го со голем број на активности „Денот на детето -23 април “.

Покрај нашиот ансамбл на истиот учествуваа и претставници на детски ансамбли од повеќе земји од светот. Детскиот жагор, колоритот на носиите, различниот звук на инструментите, игрите и младоста Што ја “носеа со себе” сите учесници, претставуваше вистински спектакл за “Денот на детето”.