На сцената на Македонската опера и балет, на 8 април 2025, оживеа осум децении традиција, љубов кон играта и песната и нераскинливата врска со македонското културно наследство.
Во една вечер исполнета со емоции, бои, ритам и аплаузи, настапија членови од 5 до 85 години — доказ дека фолклорот не познава возраст, туку срце што чука во ист ритам со тапанот и чекорот на ората. На сцената се споија генерации, спомени и нови соништа, создавајќи магија што ќе се памети.
