Orce Nikolov

На сцената на Македонската опера и балет, на 8 април 2025, оживеа осум децении традиција, љубов кон играта и песната и нераскинливата врска со македонското културно наследство.

Во една вечер исполнета со емоции, бои, ритам и аплаузи, настапија членови од 5 до 85 години — доказ дека фолклорот не познава возраст, туку срце што чука во ист ритам со тапанот и чекорот на ората. На сцената се споија генерации, спомени и нови соништа, создавајќи магија што ќе се памети.

 

Посебен момент на вечерта беше доделувањето на специјално признание на поранешниот кореограф Тофе Дракулевски, за неговиот долгогодишен, посветен придонес и огромната улога во развојот и унапредувањето на фолклорот во Ансамблот „Орце Николов“. Неговата работа остави длабока трага и инспирација за многу генерации игроорци.

Овој јубилеј не беше само прослава на минатото, туку и силна порака дека традицијата живее, расте и продолжува да ги обединува луѓето преку уметноста.

АНИП „Орце Николов“ — 80 години љубов кон фолклорот, 80 години традиција, 80 години магија.